Почна Лесновската ликовна колонија

„Во Домот за култура „Злетовски рудар"- Пробиштип свечено е отворена 29-та меѓународна Лесновска ликовна колонија.

Градоначалникот на Општина Пробиштип Драган Анастасов вели дека колонијата е во организација на Домот на културата „Злетовски рудар", а  со поддршка од Министерството за култура и Општина Пробиштип.

„Во наредните шест дена Лесново, Лесновскиот манастир, автентичните градби, кратерот, скитовите, пештерите ќе бидат инспирација за творење на уметниците Новица Трајковски, Тони Чатлески, Димитар Димитров, Душан Коцев, Киро Јосифов, Васил Гаврилов, Соња Р. Јовановска, Ѓоко Антониев, Дарко Заревски, Валентина Илиевска, Филип Добривоевски, Силвана Богатинова и Стефанија Ангеловска“, рече Анастасов.

Тој на уметниците им посака лесно перо и убави дела. Делата создадени на Лесновската ликовна колонија публиката ќе може да ги види на изложбите кои ќе се организираат низ градовите во земјава. 

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе