Жална вест

Почина Михајло Арсовски, графичкиот дизајнер кој ја обликуваше културната сцена во минатиот век

Почина Михајло Арсовски, графичкиот дизајнер кој во голема мера ја обликуваше културната сцена во 60-тите и 70-тите години и претставува еден од најзначајните фигури во графичкиот дизајн.

Тој е роден во 1937 година во Скопје, во фотографско семејство, левичари, кое по Втората светска војна се сели во Загреб. Веќе кон средината на 60-тите години создава свој препознатлив визуелен јазик со спојување на колажот, фотомонтажата, типографските цитати, често потенцирајќи го токму пикторалното и визуелното влијание.

Две негови дела се достапни во онлајн изданието на Музејот за модерна уметност во Њујорк – МоМА.

Неговиот опус се карактеризира со изразен личен став, отпор кон конвенционалните решенија и храбра критичка дистанца од тогашната актуелна ликовна сцена. Многу од неговите постоери од 60-тите содржат суптилна критика, отпор кон владејачката идеологија и демистификација на култот кон југословенскиот лидер Јосип Броз Тито.

Музејот на современа уметност во Скопје го вброја Арсовски во својот циклус „Заборавените македонски уметници“ – посветен на значењето на македонските уметници кои придонеле за формирање на уметничката сцена надвор од татковината, но во неа не се доволно застапени, ниту им е оддадена почитта што ја заслужуваат.

Засега СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и нивните заеднички алтер-фабрикати не даваат впечаток дека го разбираат новосоздадениот замаец.

повеќе

Западен Балкан оди во насока на целосна контрола на државните институции во служба на политичките елити. Не е чудо што граѓаните имаат ниска доверба во овие институции.

повеќе

Граѓаните се преморени од бескрајните, приказни на предавници и патриоти, тирански платформи, договори со Грција, Бугарија, рекети, пописи, тендери,

повеќе