Жална вест

Почина Ѓорѓи Чулаковски – Ѓото, истакнат графичар и професор

На 72 годишна возраст вчера почина Ѓорѓи Чулаковски – Ѓото, истакнат македонски графичар и професор во средното уметничко училиште и на Факултетот за ликовна уметност во Скопје.

„Денеска почина нашиот долгогодишен професор по графика и некогашен директор на средното уметничко училиште, Ѓорѓи Чулаковски – Ѓото. Посмртните останки ќе бидат изложени на 17 септември во 11 часот во капелата на градските гробишта во Битола. Почивај во мир професоре“, објавија неговите ученици и колеги од „Лазар Личеноски“.

Ѓото е роден во 1947 година во селото Герман во Егејска Македонија, а потоа живеел во Битола, пред да дојде во Скопје. Магистрирал на Ликовната академија во Скопје, отсек графика, зад себе остави богато творешство, за кое што добил голем број меѓународни награди.

Автор е на 20-тина самостојни изложби и над 100 колективни.

Јавните медиумски сервиси треба да бидат столб на демократските општества и примарен извор на информации за сите граѓани.

повеќе

Отповикот или импичментот на претседателот Доналд Трамп од страна на Претставничкиот дом покажува дека членовите на Конгресот на САД прво се партијци, а потоа Американци.

повеќе

Најпрво, важно е да се напомене дека поседувањето на оф-шор компанија не е нелегално само по себе. Во суштина оф-шор земјите нудат низа поволности како што се исклучително поволни стапки на данок. Всушност, некои од нив имаат нула стапка на данок. 

повеќе