Паралелни ликовни колонии во Слоештица и во Цапари

Петнаесетина реномирани македонски уметници од утре ќе творат паралелно во Меѓународниот центар за уметност „Арт Поинт – Гумно” во село Слоештица, Демир Хисар, и во село Цапари, Битола на Меѓународната ликовна колонија „Де Ниро”.

Паралелните ликовни колонии ќе почнат со заедничка свеченост на којашто со потпишување на Повелба за збратимување ќе биде официјализирана 15-годишната соработка на организациите.

На уметничкото гумно во село Слоештица од утре до петти октомври ќе гостуваат уметниците Дијана Томиќ – Радевска, Пандора и Сашо Саздовски, Филип Велковски, Горан Ристовски и

Кети Талевска.

Во село Цапари, од утре до 30 септември ќе гостуваат уметниците Елена Ѓоргиевска, Симонида Филипова Китановска, Жарко Башески, Стефан Малбашиќ, Сашо Н. Алушевски, Симона Мирчевска и Вацлав Лукич, додека почесен гостин е Беди Ибрахим.

И двете ликовни колонии се делумно поддржани од Министерство за култура.

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе