Отворено 40. издание на Малиот битолски монмартр

Со 40 светлосни топки, и со изложба на детски цртежи кои пристигнаа од сите страни на светот, синоќа во Битола почна јубилејното 40. издание на меѓународната ликовна колонија „Мал битолски Монмартр". Сите учесници без исклучок посочија на големата фестивалска празнина, отсуството на идејниот творец на манифестацијата Коста Хаџи Антоновски кој неодамна почина во овој град, и исто така сите учесници потврдија дека традицијата на „Мал битолски Монмартр", продолжува.

Годинава на фестивалскиот конкурс учествуваа 453 училишта од 33 држави во светот кои во Битола испратија 13.737 цртежи, а наградата „Гран при" им припадна на учениците од руското „Училиште 1955" во Москва. Наградата беше врачена на претставник на руската амбасада во земјава, додека наградата „Златна четка" за ученици од Јапонија му беше врачена на јапонскиот амбасадор Савада Хиронори., како и посебно признание на Општина Битола кое го доби Емилија Костурски, заменик градоначалник на Битола.

На платото пред Националната галерија на детското ликовно студио „Св. Кирил и Методиј"-Битола кое денес го слави патрониот празник, синоќа беше доделена и нововостановената награда „Коста Хаџи Антоновски", а ја доби Теодолина Паскал од Евора, Португалија.

Во последните 30 години сите политички партии, независно од тоа колку демократски се претставуваат во своите програми, на државата гледаат како на инструмент, што е пак првиот сигнал, чекор кон авторитарност.

повеќе

Ако денес направиме една историска книжевна паралела, драмското дело на Стефановски ќе го квалификуваме како антологиски бисер, кого и сегашните и идните генерации ќе го чуваат како неодминлив столб на целокупната македонска драмска литература.

повеќе

За првпат во историјата на албанската демократија, една иста партија ќе биде на чело на земјата три последователни мандати. 

повеќе