Отворена меѓународната детска ликовна колонија „Мал битолски Монмартр“

Детското ликовно студио „Св.Кирил и Методиј“-Битола во предвечерието на патрониот празник ја отвори меѓународната детска ликовна колонија „Мал битолски Монмартр“ која годинава се одржува само еден ден и без присуство на деца од светот.

Според традицијата, отворена е изложба на слики кои пристигнаа од сите меридијани, но младите ликовни уметници останаа дома, во своите држави заради пандемијата предизвикана од ковид-19.

Годинешен добитник на наградата Гран-при е Мариа Дума од Букурешт, а статуетката ја прифати почесниот конзул на Романија во Битола, Александру Мамакис.

„Мал битолски Монмартр е манифестација, исклучително значајна за нашиот град, манифестација која што ја отвора Битола кон светот, меѓутоа и светот го носи во Битола. Бројот на цртежи кои што пристигнаа годинава, покажува дека така било и во изминатите години. За жал, годинава го немаме џагорот на децата низ нашите сокаци, меѓутоа она што го имаме се нивните цртежи, за што им сме бескрајно благодарни. Оваа манифетација, затоа што е навистина траен белег за Битола и за битолчани“, истакна Наташа Петровска, градоначалничка на Битола.

Годинава на адреса на Детското ликовно студио „Св.Кирил и Методиј“ пристигнаа над 15.000 творби од целиот свет, а на изложбата во Битола денес беа претставени 717 најдобри цртежи. 

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе