Отворена изложбата „Пештерните цркви од 14 век во кавадаречко“

Пештерните цркви од 14 век во кавадаречко", е насловена изложбата која денеска беше отворена во Музеј-галеријата во Кавадарци.

Преку фотографии, карти и скици се презентирани пештерните цркви „Свети Лазар” од село Бегниште и  „Свети Никола” од село Драдња, единствени од ваков вид во кавадаречко.

Весна Ѓорѓиева, директор на Музејот, рече дека средновековните пештерни цркви и манастири се богата културна, духовна и просветителска ризница. Свидетели за творечките импулси на нашите зографи и градители, за монашкиот живот исполнет со молитва и пост и љубов кон Бога. Заштитни конзерваторски зафати биле преземени во 2007 година.

Наташа Матакова, професор по историја, нагласи дека гледано низ призмата на културното наследство, кавадаречкиот регион претставува ризница на цркви, манастири, фрескоживописи, икони и иконостаси и многу други движни и недвижни културни добра од различен вид и период на создавање.

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе