Отворена изложбата на скулптури од лаванда на Симона Манчева

Во кумановскиот Центар за култура „Трајко Прокопиев", денеска беше отворена изложбата на скулптури од лаванда и друга диворастечка флора од Симона Манчева. Изложбата ја организираше на здружението „Биовита", а поддржано од Министерството за култура. Кумановци имаа можност да проследат скулптури минијатури, кои го презентираат спојот помеѓу природата и уметноста.

Директорот на НУЦК „Трајко Прокопиев", Сашо Тодоровски на отворањето на изложбата рече дека е специфична изложба која е резултат на соработката со надлежните од неготинскиот Дом на култура.
 
Уметницата Симона Манчева рече дека досега работела на повеќе општествени проблеми, меѓу нив и за загадувањето.
 
„Дојдовме до идеја со здружението да направиме скулптури. Работевме на проектот неколку месеци до крајна фаза на изложбата. Целта е да ги искористиме природните ресурси кои нѐ опкружуваат и  се вклопи во овој период на пандемијата“ рече Манчева.
 
Симона Манчева е визуелна уметница од Кавадарци со магистерски студии на Факултетот за ликовни уметности во Скопје.
 
Учествувала на повеќе групни изложби и фестивали меѓу кои: „The view from hire" Портланд Орегон, „What is fear" ((TQAF), „Преземање на патријархатот АПАРТ" Феминистичка групна изложба во Берлин (2019) „Со око на маргините" – Квир изложба на фотографии – Скопски саем викенд (2017) – Трансформации; „Нашата Фукушима", меѓународна групна изложба, дел од Интернационалниот уметнички проект „Гогојоши". Таа учествувала на голем број работилници во државата и надвор од неа, Словенија, Хрватска, Германија ... и реализира повеќе самостојни изложби, од кои последната е „Сопство" во Младински Културен Центар (МКЦ), Скопје во 2019 и истата годинава во Дом на култура „Иван Мазов-Климе" во Кавадарци. 

Формирањето на платформа за прекугранична соработка за борба против аерозагадувањето има потенцијал вистински да придонесе за намалување на загадувањето на воздухот во нашата земја.

повеќе

 Еврообврзница во услови на најголемата светска економска криза за репрограмирање на долгот и буџетска поддршка.

повеќе

Повикот на Заев за „Влада за национален спас“ само три дена откако неговиот кабинет ја доби собраниската доверба, покажува дека таа тешко би се качила над сегашните 62 пратеници.

повеќе