Отворена изложбата на Рубенс Корубин „Ателје – радоста на сликањето“

Во присуство на многубројни гости и љубители на уметноста, синоќа во Националната галерија, објект Чифте Амам, беше отворена изложбата „Ателје – радоста на сликањето“ со која реномираниот сликар Рубенс Корубин синоќа, одбележа два значајни јубилеја, 70 години живот и 45 години од дипломирањето на ликовната академија во Белград.

Пред присутните се обрати министерот за култура Хусни Исмаили кој истакна дека Корубин со својот исклучителен и уникатен ликовен израз остави печат во македонската современа ликовна уметност но, и во нејзината промоција и афирмација во меѓународни рамки, а интересот за неговото творештво е потврда дека предизвикот за дијалог со неговите дела продолжува.

„Љубителите на ликовната уметност, по еден подолг период, повторно се среќаваат со творештвото на авторот чии дела создадени низ неговиот индивидуален сликарски ракопис од еден современ аспект се потврда за посебноста на неговото творештво, за периодот во кој твори и во кој симболично можеме да кажеме дека минатото и иднината се преплетуваат“, рече министерот за култура Исмаили.

Тој додаде дека Министерството за култура, преку своите институции, и во иднина ќе настојува да ги поддржува ваквите изложби кои, кои несомнено, се голем придонес во презентирањето на високите вредности што се создаваат во уметноста и културата на нашето време.

Изложбата „Ателје, радоста на сликањето“ во Чифте амам за посетители ќе биде отворена до крајот на месецов..

ЕУ треба принципиелно да реагира на отворениот национал-шовинизам на бугарскиот парламент, се вели во отвореното писмо на македонски академици и професори до европретставниците во Македонија.

повеќе

Нашиот процес на преговори многу веројатно ќе биде предмет на уште построги критериуми и мониторинг имајќи ги предвид искуствата на земјите кои во моментот преговараат. 

повеќе

На Македонија и Бугарија им треба дебата која ќе го унапреди историското разбирање без робување на идеологии, митологии и политики.

повеќе