Отворена изложбата на доајенот на македонската современа уметност Танас Луловски

Националната галерија на Македонија ја отвори Ретроспективната изложба на доајенот на македонската современа уметност Танас Луловски - Тане, еден од авторите кој даде силен белег и остави неизбришливи траги во развојот и афирмацијата на македонската современа ликовна уметност.

Изложбата ја курираа Маја Неделкоска Брзанова и Ана Франговска и истата ќе биде изложена пред јавноста до 22 февруари 2019 година.

На изложбата, која претставува одбележување на повеќедецениското творештво и каракатеристичен авторски белег на овој наш еминентен сликар Танас Луловски Тане, се поставени дела (слики и цртежи) од сите фази од неговото творештво, кое започнува во 60-те години на минатиот век. Изложбата содржи и дела кои за прв пат имаат јавна презентација, на што сме особено горди. Изложбата е придужена и со пригодна книга, во која се вклучени авторски текстови на кураторките на проектот Брзанова-Неделкоска и Франговска, како и на наши еминентни историчари на уметност Викторија Васева Димеска, Соња Абаџиева и Конча Пиркоска. За прв пат во толкав број, книгата вклучува над 80 колор репродукции на делата на Танас Луловски од сите негови развојни фази.  

Делата кои се претставени се сопственост на семејството на авторот, на повеќе институции (НУ Национална галерија на Македонија, НУ Музеј на современата уметност, НУ Центар за култура Антон Панов Струмица,), како и на значаен број приватни сопственици без чија поддршка изложбата не ќе беше возможна.

На отворањето присуствуваа голем број посетители, љубители и познавачи на творештвото на Танас Луловски, негови колеги и пријатели, студенти и кај сите беше видлива возбудата и задоволството од повторната средба со бесценетото творечко кредо на големиот мајстор на четката Танас Луловски. Неговите слики, како и неговите концептуални размисли и дилеми „Дали празен простор може да претставува уметничко дело“ или „Дали сакате да бидете покровител во создавањето на едно уметничко дело“ продолжуваат да бидат актуелни и денес.

Кина му дава на регионот нова надеж додека сонот за ЕУ се распаѓа, вели Политико.

повеќе

Северна Македонија стана кандидат 9 години пред Албанија и нема ништо лошо побрзо и да оди напред.

повеќе

Сега, додека балканскиве политичари ќе шетаат низ духовноста како волови во свила - каде им се врвните интелектуалци што би внеле елеганција во совладување на споровите?

повеќе