Отворена изложбата „Флукс идентити“ во Чифте амам

Националната галерија официјално ја почна програмата за тековната година со меѓународен проект насловен како Флукс идентити (Flux Identity).

На отворањето на изложбата д-р Дита Старова Ќерими, директорка на Националната галерија, им се заблагодари на канадската амбасада и на невладината организација „Визарт“ од Нови Сад, Србија, со чија соработка се реализира оваа изложба. Особена благодарност изрази кон Анета Пешева, почесен конзул на Канада. Таа истакна дека соработката со Амбасадата е долгогодишна и особено задоволство претставува секој нареден проект на културното вмрежување на двете земји.

За идентитетот низ призмата на уметнички контекст на претставување „говорат“ уметници по потекло од блиските земји од регионот и други европски земји, како Србија, Босна и Херцеговина, Албанија, Шпанија и Велика Британија, а кои живеат и творат во Канада. Комплексноста и уметничкото вмрежување е остварено со претставници од домашната уметничка сцена.

На изложбата „Flux Identity“ динамичен дијалог со разновидноста на идентитетот водат уметниците: Two Gullivers (Бесник и Флутура Хаџилари), Милутин Губаш, Сандра Брустер, Весна Перуновиќ, Коко Гузман, Боја Васиќ, Стјуарт Рид, Садко Хаџихасановиќ, Моника Мотеска, Вана Урошевиќ, Роберт Јанкулоски, Дијана Томиќ Радевска, Велимир Жерновски, Шќипе Мехмети.

Олгица Маринковиќ, одговорно лице за односи со јавност на Амбасадата на Канада за Србија, Македонија и Црна Гора, на отворањето изрази голема благодарност до Националната галерија за долгогодишната успешна соработка, и го сподели воодушевувањето за прекрасниот простор во кој е поставена инсталацијата на проектот.

Прашањето за идентитетот е прашање на самата суштина на човекот. Тоа е неговата врска со минатото, сегашноста и со предвидувањето на иднината. Поради својата важност, темата за идентитетот се најде во центарот на уметничкото истражување на уметниците собрани на изложбата. Авторот на проектот и куратор, Светлана Младенов од „Визарт“ – Нови Сад, говореше за идентитетот разбран во поширока смисла, со многу паралелни слоеви, зашто денес идентитетот повеќе не се препознава како единечен туку постојано е во процес на промена и трансформација. Сподели дека овој проект веќе е реализиран во Србија, во моментов се претставува пред македонската публика, а наредна дестинација според програмата ќе биде Црна Гора. Таа им се заблагодари на сите што зедоа учество во реализацијата на изложбата.

Изложбата ќе биде поставена во Чифте амам до 26 февруари.

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе