Во МАНУ

Отворена изложба на икони на Дичо Зограф

Во Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) вечерва беше отворена изложба на икони на Дичо Зограф.

Изложбата се одржува по повод двестегодишнината од раѓањето на Дичо Зограф, а ќе биде отворена до 26 октомври.

Во Ликовниот салон на МАНУ поставени се 25 икони и десет репродукции, главно од црквите во Мала Река и Дебарско, од Тресонче, Росоки, Сенци, предмети од Бигорскиот манастир, како и икони од струшка Малесија, од Селци.

Претседателот на МАНУ, академик Таки Фити, истакна дека изложбата е посветена на една импозантна личност, на еден зограф, со неверојатна дарба и талент.

„Дичо Зограф е навистина своевиден феномен. Човек со неверојатна дарба и талент. Прво затоа што самиот бил голем мајстор за изработка на боите. Сам ги изработувал, боите, лаковите, пигментите, како и растворите за бои. Второ затоа што тој изработувал икони што се препознатливи со својата автентичност, оргиналност и со својот раскош и трето затоа што создал едно импозантно дело. Неверојатно за еден период што не траел ни цели три децении. Тој создал над 2.000 икони и над 10 фрескоансамбли. Тоа е големо дело. За толку кратко време тоа да се направи, што говори меѓудругото за неговиот талент. Можеби со голема леснотија ги правел иконите, меѓутоа ги правел со голем квалитет и да бидат оргинални и автентични и препознатливи“, нагласи Таки Фити.

Имено, Димитар Крстев, или познат како Дичо Зограф е еден од најпознатите иконо и фреско-сликари на Балканот во 19-век. Во неговиот краток живот тој насликал повеќе од 2.000 икони за потребите на правоверските цркви, насекаде во Македонија, Србија и Грција. Творештвото на тресончанецот Дичо Зограф означува крај на еден илјадагодишен идејно-естетски систем и почеток на сосем нов период во македонската историја на уметноста. Дичо во своите икони владее со моделацијата. Во својата дејност тој систематски работи на нови иконостаси, ги обновува и дополнува постоечките, осликува одделни ѕидни површини со живопис и работи на цели ансамбли во новоизградените и доградените цркви и манастири. Карактеристично за неговата дејност е тоа што иконите ги сликал врз неутрална, најчесто златна заднина, а со тоа повеќе ја нагласувал духовноста на ликовите на светителите.

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе