Во Музејот на македонската борба за самостојност

Отворена изложба „1000 години Бигорски манастир“

Изложбата „1000 години Бигорски манастир' е поставена во НУ Музеј на македонската борба за самостојност, а е реализирана во соработка со Бигорскиот манастир и Ансамблот „Македонија". Изложбата дава пресек на духовното и материјално богатство на манастирот во неговата богата историја од илјада години постоење.

Дел од изложените материјали се и осум олтарни, две чудотворни, две тронски икони, Кивот од капакот на моштите, како и особено драгоцени и вредни предмети од XVIII, XIX и XX век - Митра, Игуменски крст, Епетрахил, Жезол, Рипиди со Серафими, соопшти Музејот.

Изложбата е отворена за сите посетители од 19 до 28 ноември 2021 година согласно актуелните мерки и протоколи за зашитита од ковид, а влезот е слободен.

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе

Конески со голема дарба и со рационална мисла, создаде комуникативна поезија, создаде за македонските генерации образец на читлива литература.

повеќе