Отворена е новата поставка на изложбата „Скопје, одново” во МСУ - Скопје

Од денеска посетителите на Музејот на современата уметност – Скопје ќе може да ја посетат втората поставка на изложбата „Скопје одново", која во фокус го става процесот на основањето на Музејот и на неговата исклучителна меѓународна колекција.

Новата поставка на изложбата „Скопје, одново”, обработи нови аспекти и автори од колекцијата, вклучувајќи дела на некои од најзначајните автори, чии дела се дел од колекцијата на музејот, како Ники де Сен Фал, Дејвид Хокни, Ана Ева Бергман, Карлос Круз–Диез, Јон Григореску...

Со замената на дела, уметничкото наследство се заштитува од надворешни влијанија за идните генерации. Дополнително, овој вид интервенција овозможува самата инсталација да живее и продолжи да се развива.

Изложбата „Скопје, одново“ е резултат на соработката помеѓу МСУ – Скопје и Амбасадата на САД во Скопје, а кураторки на изложбата се Ана Кац и Кумјана Новакова.

 

Критичкото малцинство, на 2020 година не гледа само како на година која ја донесе вирусната пандемија, туку и како на година која донесе и еден друг вид на пандемија, онаа на КОВИД-авторитаризмот.

повеќе

Во моментов, мал број проекти или иницијативи во Македонија се фокусираат на тоа како универзитетите ги подготвуваат студентите за општествена одговорност и за граѓанскиот статус.

повеќе

Попис на населението во 2020 треба да има, затоа што тоа утре може да биде услов за Македонија да чекори напред кон ЕУ.

повеќе