Отворање на 11. Скопје постер фестивал

Во Мултимедијалниот центар Мала станица вечерва во 19 часот ќе биде отворен 11. Скопје постер фестивал, кој годинава ќе се одржува под мотото „Моќта на плакатот" и ќе може да се посети до 6 декември.

На изложбата ќе бидат претставени повеќе од 200 плакати на тема „Моќта на плакатот”, дела од специјалниот гостин Славимир Стојановиќ, плакати од победниците на претходните десет фестивали, плакати од постер-акцијата против загадувањето насловена „Смогје“ и плакати на млади дизајнери од Унгарија.

Специјалниот гостин Славимир Стојановиќ Футро пред македонската публика утревечер во 19 часот во книжарницата  „Литература.мк” ќе го претстави и својот роман со илустрирани раскази насловен „Девет”.

Кризата на вредности влијае негативно на балансот помеѓу императивот за слобода и потребата за безбедност, стеснувајќи го либералниот простор на современо конципираните општества.

повеќе

Mора да се научиме како да ги градиме политиките кои ќе водат кон осврт на сите теми важни за градење позитивен мир, но и реторички да останеме конзистентни на она за што се залагаме.

повеќе

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе