Отварање на изложбата „Влијанијата на Париската школа врз основоположниците на македонската модерна уметност“

Изложбата „Влијанијата на Париската школа врз основоположниците на македонската модерна уметност“ од колекцијата на Националната галерија вечер ќе биде отворена во Амбасадата на Република Северна Македонија во Република Франција.

Во еден мал, селектиран, концизен концепт и презентација, ќе се претстават најрепрезентативните дела од колекцијата на Националната галерија на Северна Македонија. Ќе се даде пресек на самиот развој на модернизмот во македонската уметност од почетокот на 20-от век и преодот од фрескоживопис и иконопис, кон уметност на световни мотиви.

Како што соопшти Националната галерија, Париска школа е назив за сите уметници кои по Првата светска војна и меѓу двете светски војни престојувале во Париз и оттаму извршиле големо влијание во развојот на модерната уметност. Во Париската школа спаѓаат уметници од различни стилски правци како: фовизам, кубизам, надреализам, како и претставници на енформелот.

Оваа школа и уметноста на Париз вршат големо влијание врз лицето и развојот на македонскиот модернизам и уметноста од почетокот, па сè до средината на 20-от век, бидејќи македонските современи уметници оделе во Париз на специјализации и студиски престои, со цел да ги усовршат академските поуки стекнати во регионалните Универзитети и Академии за ликовни уметности.

Тука спаѓаат, пред сè, основоположниците на македонската современа уметност: Димитар Пандилов Аврамовски, Лазар Личеноски и Никола Мартиноски, со директни или индиректни влијанија врз импресионизмот; кај првиот преку делата на Клод Моне, потоа фовизам и кубизам кај Личеноски или експресионизмот во делата на Никола Мартиноски.

И кај втората и третата генерација македонски едуцирани уметници се чувствува влијанието на Париз преку фовизмот кај Томо Владимирски и Борислав Траиковски, нео-импресионизмот и сезанизмот на Борко Лазески, надреализмот кај Спасе Куновски, кубизмот кај Димитар Кондовски…

Една од особеностите на словенската јазична група е дека нема случај два народи да зборуваат еден ист јазик или барем тоа да е официјално признаено.

повеќе

Оваа администрација нема намера Скопје во догледна иднина да стане одржлив зелен град и тоа е јасно одразено во буџетот за 2020 година.

повеќе