Во Мала станица

Отварање на изложбата „Надреализам и фантастика (рефлексии)“

Групна тематска изложба „Надреализам и фантастика (рефлексии) – избор од колекцијата на Националната галерија“ ќе биде отворена вечер од 20 часот во Мала станица.

Со неа Националната галерија ќе го заокружи годинашниот циклус проекти преку кои пред широката јавност беа претставени  делата од нејзината колекција.

Според директорката на Галеријата Дита Старова-Ќерими,  целта на проектот е да се истражи и претстави развојот и влијанијата на овие правци во современата македонска ликовна уметност преку избор на репрезентативни дела на македонските ликовни уметници кои се дел од колекцијата.

Меѓу авторите чии дела се остварувања во доменот на надреализмот се Спасе Куноски, Васко Ташковски, Кирил Ефремов, Миле Корубин, Трајче Јанчевски, Милош Коџоман, Рубенс Корубин, Владимир Величковски, Иван Велков, Владимир Георгиевски, Вана Урошевиќ, Илија Пенушлиски, Благоја Николовски, Атанас Ботев, графичарите Доне Миљановски, Виолета Чауле, Дијана Томиќ Радевска, Славица Јанешлиева, скулпторите Томе Аџиевски, Димче Димески…

Една од особеностите на словенската јазична група е дека нема случај два народи да зборуваат еден ист јазик или барем тоа да е официјално признаено.

повеќе

Оваа администрација нема намера Скопје во догледна иднина да стане одржлив зелен град и тоа е јасно одразено во буџетот за 2020 година.

повеќе