ЛИКОВНА УМЕТНОСТ

„Остен павилјон Македонија“ со низа активности се претставува во Венеција

Како препознатлив бренд во областа на уметноста, еманципираната мисла и слободната креација од 1945 година, како голем обожувач на уметноста и пасиониран колекционер, „Остен“ од 15 до 30 јули 2017 година, во „Архиви дела Мисерикордија“ во Венеција, се претставува со низа програмски активности во рамките на „Остен павилјон Македонија“.

Претставувањето на „Остен“ во Венеција почна со отворањето на самостојна изложба на Мице Јанкуловски на 14 јули во просторот на „Архиви дела Мизерикордија“. Ликовната изложба со наслов „Форми“ е куратирана од големиот венецијански куратор и историчар на уметност Енцо ди Мартино.

На изложбата Јанкуловски се претставува со големи формати слики на платно од неговите циклуси „Форми 1“ и „Форми 3“. На отворањето на изложбата присуствувале бројна публика и професионалци (претставници од Венцијанското Биенале, како и музејот Гуганхејм). Изложбата ќе трае до 30 јули 2017 година.

Отворањето на програмата на „Остен павилијон Македонија“ на 14 јули било проследено со перформанс во изведба на Емануел Блуа, Брунела Гатолин и Петринија Макавеева (според музика на Дарија Андовска).

Во рамките на програмата од 15 до 23 јули ќе се одржи и самостојната изложба на Ирена Гапковска, САД/Македонија, со наслов „Венера во Венеција: секвенци на женската илузија“ (дела на хартија). Куратор на изложбата е Николас То.

Интернационални гости на презентацијата на „Остен“ во Венеција се Невзат Бејтули Кица, Македонија; Тијан Којиќ, Србија; Камелија Отеро, Франција; Јургита Поберезните, Португалија; Марија Светиева, Македонија; Кристина Ѕани, Грција, чии графички мапи ќе бидат авторизирани пред венециската публика.

Авторизацијата на графичката мапа „Формите на Венеција“ и промоцијата на публикацијата „Мице Јанкуловски – сликарство“ (во Фалани Венеција Центарто на уметност) ќе се одржи на 20 јули, додека на 23 јули ќе има промоција на публикацијата „Ирена Гапковска – цртежи, графики, слики“, извести Корнелија Конеска, извршен директор на „Остен“.

Најновите случувања на релација политичка власт-граѓански сектор, повторно го отвораат прашањето за односите помеѓу овие два сегмента на општествениот живот.

повеќе

Жените имаат повеќе тешкотии од мажите да најдат значајна и добро платена работа, а процентот на жени во глобалната работна сила постојано заостанува зад процентот на мажите. 

повеќе

Во нашето општество сме опкружени со многу, многу партизани. Партизани во политиката, партизани во образованието и науката, партизани во бизнисот...

повеќе