Публикација

„Остен“ ќе ја промовира публикацијата „Визуелните уметности во Македонија – 20 век“ на Соња Абаџиева

Во просториите на галерија „Остен“, на 25.01.2018, во 19.30 часот, ќе се одржи промоцијата на извонредно значајната публикација „Визуелните уметности во Македонија - ХХ век / Книга 2.: Мултимедијална уметност“ на историчарката на уметноста Соња Абаџиева. Издавач на публикацијата е „Остен“ - Скопје, а промотор ќе биде професорот Небојша Вилиќ.

Публикацијата „Визуелните уметности во Македонија - ХХ век / Книга 2.: Мултимедијална уметност“ се фокусира на строгата селекција на авторите од визуелните уметности во ХХ век, кои ги обележуваат зародокот, развитокот и подемот на визуелната емпирија што ги изместува кодовите на вообичаените дисциплини во оваа сфера на творештво.

Акцентот е ставен на оние учесници во ликовното презентирање кои биле нагласено иновативни и поекспонирани на изложбите во државава и во странство, како аргументи подеднакво за нивната активност и вредносна стојност. Кај нив на флексибилен начин се третираат границите меѓу сликарството, скулптурата и/или графиката со нагласување и на влегувањето во интердисциплинарни релации, мислејќи ги тука презентациите на самите концепти или идеи како уметнички ентитети, вклучувањето во делото на опкружувањето (екстериерот или ентериерот), дел од новите технологии, играта / танцот, нагласеното користење на неуметничките материјали и сл.

Книга 2 се фокусира на 42 творци (родени во периодот од 1936 до 1974): Лилјана Ѓузелова, Душан Перчинков, Никола Фиданоски, Симон Шемов, Виолета Блажевска, Богдан Грабулоски, Олга Милиќ, Симон Узуновски, Драгољуб Бежан, Милош Коџоман, Драган Петковиќ, Мице Јанкуловски, Венко Цветков, Глигор Стефанов, Елизабета Аврамовска - Бети, Петре Николоски, Милчо Манчевски, Станко Павлески, Исмет Рамиќевиќ, Роберт Глигоров, Златко Трајковски, Вана Урошевиќ, Јован Шумковски, Жанета Вангели, Антони Мазневски, Игор Тошевски, Искра Димитрова, Симонида Филипова Китановска, Мирна Арсовска, Виолета Чаповска, Роберт Јанкулоски, Ирена Паскали, Љупка Делева, Елпида Хаџи Василева, Нада Прља, Оливер Мусовиќ, Моника Мотеска, Ана Стојковиќ, Игор Сековски, Славица Јанешлиева, Весна Стефановска и Христина Иваноска.

Kога веќе треба да се држи комбинирана настава, колку и да е комплицирана таа „равенка“, во неа не смее да се забораваат децата кои учат онлајн.

повеќе

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе