Онлајн изложба на Петра Јовановска

Самостојна визуелна изложба со наслов „50/27“ на ликовната уметница Петра Јовановска ќе биде претставена и поставена на уметничката платформа за визуелни онлајн изложби  од 15 до 30 мај, како и на веб и Фејсбук. 

Дадениот момент, времето ја поврзува ликовната уметница Петра Јовановска и прави една симбиоза на нејзините трудови ставени во еден простор во одредено време. Времето како еден несфатлив феномен на настани. Талкање наназад со цел да се преиспита памтењето. Од минатото време да се заклучи сегашноста. Да се води еден личен диjалог со прошлото време. Мониторинг на времето со специфичен избор на експонатите на авторката, кој она ги создала во времето на својот личен диjалог и на тој начин и мониторинг, а целиот процес на создавање низ времето на ковид.

Животот сведен пред се онлајн, каде секојдневието на некој начин станало виртуелно, човекот размислува и живее на друг начин, можеби вештачки ги доживува некој свои емоции.

Петра Јовановска сака со новосоздадени ликовни дела од овој период во панадемијата, времето со ковид, времето кое станало подруго, подруго ги трансформира своите чуства ставени во визуелните дела, да ги презентира на онлјан уметничката платформа со цел да го заокружи овој временски период, да го затвори овој временски круг.

Го истаржува времето со различни визуелни дисциплини, комбинира ликовни техники, прави ликовно истажување со комбинирање на класични ликовни техники со нови медиуми, навидум неспоинливи, како еден прогрес произлезен од наметнатото време, како одраз на новиот начин на секојдневието, како што стана дистанцата, минималниот контакт, поделбата, маската, стравот, емотивната затвореност, работи кој дотогаш не би биле сватени како ново секојневие, начин на живот. Емотивна цел на ликовната уметница е да со заокружувањето на овој временски период, со презентацијата на создадените ликовни дела баш преку виртуелна галерија, да се затвори ово време. Време кое тече, каде што се си има своја доба, време за радост, време за смеа, време за плачење, како и време за ковид и време после ковид.

Петра Јовановска е родена 1972 година во Чешка, завршила ФЛУ во Скопје. До сега има реализирано 54 самостојни изложби (Франција, Словенија, Германија, Хрватска, Полска, Чешка итн. ). Учествувала во над 300 групни изложби, учесник е на голем број ликовни колонии, симпозиуми и добитник на неколку награди. Ликовниот проект е поддржан од Министерство за култура на Македонија.

За пишувањата на Хари Костов за проблемите на државата – ако компетентен човек зборува за нефункционирањето на правната држава, кое има директен одраз врз економијата, не може тоа да се заврши со охридскиот уличен жаргон.

повеќе

Колку и да сакаме Украинците да добијат целосна правда, на ерата на славни војни, несомнени победи и чисти порази ѝ дојде крајот. 

повеќе

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе