Музеј на Македонија

„Охрид/поглед од другата страна“ - изложба на ликовни дела и фотографии на пациенти oд психијатриската болница во Демир Хисар

Во Музејот на Македонија утре ќе биде отворена изложбата „Охрид/поглед од другата страна“. Поставувањето на изложбата е организирано од страна на Центарот за креативни индустрии - НЕБО од Суводол, Демир Хисар, во соработка со Музејот на Македонија, којшто ја поддржува оваа активност со отстапување на изложбениот простор.

Изложбата се реализира во рамките на проектот „Многу луѓе - многу погледи“, кој беше селектиран помеѓу десетте најдобри приказни на повикот „Приказни за европското културно наследство“ од страна на програмата „Европски денови за културното наследство“, поддржана од Советот на Европа и Европската комисија. Со тоа, приказната-проект „Многу луѓе – многу погледи“ на Центарот за креативни индустрии - НЕБО доби финансиска поддршка од страна на програмата Европски денови на културното наследство за целосна реализација на предвидените активности.

Целта на приказната е да се претстави и сподели македонското културно наследство, како дел од заедничкото европско наследство, преку очите на една маргинална група – психијатриски пациенти хоспитализирани во Психијатриската болница во Демир Хисар. Идејата да се вклучат лица со ментални болести е заснована врз европските вредности за почитување на слободата, демократијата, еднаквоста и почитувањето на човековите права, вредности кои важат подеднакво за секоја единка во светот во кој живееме.

На изложбата „Охрид/поглед од другата страна“ ќе бидат поставени ликовни дела и фотографии на група на психијатриски пациенти, кои учествуваа во две работилници и за кои беше организиран тридневен престој во Охрид и разгледување на неговото културно наследство. Преку практична работа, учесниците имаа можност добиените знаења, созреани низ личното доживување, низ спознанието и идејата за културното богатство, да ги преточат во визуелна форма.

Овозможувањето континуитет на стопанството треба да биде на прво место во агендата на Владата, бидејќи закрепнувањето на економијата ќе дојде токму од приватниот сектор.

повеќе

Светот првично се соочи со кризата предизвикана од коронавирусот на некоординиран начин, при што огромен број држави едноставно ги игнорираа предупредувањата и настапуваа самостојно.

повеќе

Пандемијата на коронавирусот која го зафати целиот свет, не само што има огромно влијание врз јавното здравство, општеството и економијата како целина, туку предизвика пустош и во спортот.

повеќе