Објавен третиот том на „Визуелна хроника на македонскиот стрип“

Објавен е третиот том на публикацијата „Визуелна хроника на македонскиот стрип“ од авторот Александар Стеванов, графички дизајнер, стрип-сценарист и хроничар на македонскиот стрип. Станува збор за проект од национален интерес во културата за 2021 година, поддржан од Министерството за култура.

Преку изданието што деновиве излезе од печат, како што соопшти авторот, е направен опширен хронолошки приказ на домашната стрип-сцена и издаваштво од периодот 2008 – 2011 година. Потврдувајќи дека македонскиот стрип е факт, во него се прикажани околу 240 хронолошки единици, како што се објавени стрипови, одржани стрип-работилници, учества на стрип-фестивали и освоени награди.

Како и во случајот со претходните два тома, кои го опфаќаат периодот 1990 – 1999, односно 2000 – 2007, и овој е со формат А4 и има 60 колор страници. Илустрацијата од корицата на оваа трета „Визуелна хроника на македонскиот стрип“ е дело на ликовниот уметник Дарко Богданов од Виница, односно претставува панел од неговиот стрип-албум „Модус вивенди“.

Покрај тритомното издание „Визуелна хроника на македонскиот стрип“, Стеванов е автор на сценаријата на неколку албуми, како и на книгата „Жељко Книвалд“ посветена на авторот на првиот стрип создаден и објавен на македонско тло. До крајот на годината, во негово авторство се очекува да излезе уште една публикација на тема деветта уметност.

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе