Нова книга на Ана Јовковска - „Емотивен талог"

„Емотивен талог" е насловот на новата книга на новинарката и авторка Ана Јовковска која ќе биде промовирана вечер во клуб ресторанот во Младинскиот културен центар (МКЦ).

Книгата е во издание на „Три", а според авторот на поговорот Гоце Смилевски, таа произлегува од себезапрашаноста пред предизвиците на современото живеење и откривањето на сопствените стратегии за борба против сѐ што нѐ одвојува од нашата суштина.

Ова дело, како што посочува, е повик и поттик да се впуштиме во авантура на себеиспитување и себенадградување преку аналитички поглед во сопствениот емотивен талог.

-Извонредно слоевита и напишана со огромна вештина, книгата „Емотивен талог" има силна интроспективна визура. Интелектуалната љубопитност на Ана Јовковска е безгранична и повикува на креативен и продуктивен дијалог со читателите. Ракописот е густ како талог од кафе, натопен во разигран јазик на метафори, симболи и асоцијации, а сепак е едноставен, непретенциозен и лесно читлив, смета писателот Владимир Мартиновски.

Ана Јовковска е научна истражувачка, магистерка по културолошки студии, дипломирана новинарка, колумнистка, ТВ-уредничка, специјалист за односи со јавност и тренер по комуникациски вештини.

-По четирите објавени книжевни дела, сега ни се претставува со едно поинакво четиво, збирка од раскази, колумни и есеи именувани како „Емотивен талог". Илустрирајќи ги своите лични доживувања, интимни искуства и длабоко почувствувани ситуации, таа ги преиспитува релациите на себството и Другиот, слободата и љубовта, диктатот на технологијата, моралот и ропството, социо-емоционалниот развој на децата, консумеризмот наспроти (не)грижата за природата… но среде сето тоа, Јовковска гласно го поставува прашањето за среќата, соопшти издавачката куќа.

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе

Самостојните уметници не се доволно мотивирани да создаваат. 

повеќе