ДВОЈНА ИЗЛОЖБА

Ниче и Љупка Василев имаат изложба во галеријата на Младинскиот културен центар

Во Галеријата на Младинскиот културен центар во Скопје на 12 септември (вторник), во 19.30 часот, ќе биде отворена изложба на Ниче Василев и неговата ќерка Љупка Василев.

Дело на Ниче Василев

Ниче Василев роден е во Дабиле, Струмичко. Академија на ликовна уметност завршил во Варшава 1978 во класата на проф. Лудвик Мачонг. Во 1971/72 година студирал на Националната уметничка академија на факултетот за применета уметност во Софија. Член е на ДЛУМ од 1980 г. Живее и работи во Струмица, Македонија.

Василев реализирал над 30 самостојни изложби во Македонија и странство, меѓу кои во Скопје, Струмица, Битола, Штип, Гевгелија, Варшава, Атина, Софија, Анкара, Цирих, Мадрид, Белград и др. Учествувал на повеќе групни изложби и ликовни колонии во Македонија, Бугарија, Србија.

Љупка Галазка - Василев е родена во 1979 година во Струмица, Република Македонија. Дипломирала на Националаната ликовна академија во Софија, отсек Текстил. Живее и работи во Струмица како професор по ликовна уметност во средно училиште. Досега имала самостојни изложби во Центар за култура „Антон Панов“ во Струмица (2007), Национална галерија на Македонија, објект „Мала Станица“ (2007), Центар за култура „Бели Мугри“ во Кочани (2007), Грујецки центар за култура, Грујец, Полска (2013), Центар за култура „Антон Панов“ во Струмица (2013), НЛБ Тутунска Банка – Скопје (2014), Безистен - Кафе „Галерија 8“, Стара скопска чаршија (2014).

Дело на Љупка Василев

За изложбата на Ниче и Љупка Василев, ликовниот рецензент Горјан Ѓорѓиев истакнува: „Без уметноста на Ниче и неговата ќерка Љупка не би можеле делумно да ја осознаеме нивната психичка структура и нивниот поглед на надворешната појавност и значењата што кај нив ги поттикнуваат емоциите. Уметноста на таткото и ќерката, различна или слична, им овозможува да се изгубат во апстрактната идеја и да се пронајдат во реалната визија на материјата.

Ликовната уметност е нешто што не може да се долови со зборови, но сепак, колоритот, тишината и спокојот, кои неминовно ни се наметнуваат со грациозната седечка фигура (дама), кај Ниче, и елегантната асоцијација на лирски енформел кај Љупка, нè наведува на прекрасно чувство во опсервацијата на делата.

Оваа изложба е сублимат на двајца квалитетни мајстори, кои опстојуваат во негувањето на тишината и спокојот во душата, во кој ритуал го пронаоѓаат внатрешно битие и му дозволуваат да се разигра во сиот ликовен спектар“, напиша Горјан Ѓорѓиев.

Промовирање на родителското отсуство и за таткото на детето кое како опција постои во Законот за работните односи, но само ако не го користи работничката.

повеќе

(Полемика: „Стратегија за прашањето на користење на уставното име на Република Македонија во ООН“, Игор Јанев, МКД.мк, 11 ноември 2017)

повеќе

Зоран Заев од позиција на премиер удира во самите темели на асномска, антифашистичка Македонија.

повеќе