На изложбата беа претставени слики од најновата продукција на уметникот кој слика со најцрната боја - карбон, откриена со помош на нано-технологија. Верен на својот уметнички стил на минимализам, модуларност, мултипликација и монохромност, Јанкуловски се претстави пред публиката во Њујорк со извонренда поставка од слики со геометриска апстракција од карбон на платно и акрил на платно.
Куратор на изложбата е Емил Алексиев, галерист Мартин Бернштајн, а организација и комуникација на Сергеј Грегоријан и Корнелија Конеска.
Оваа е првата од двете изложби на уметникот во декмври 2022 во Њујорк. Следната изложба ќе се одржи во Галерија МЦ на 15 декември.
Јанкуловски како уметник во своето творештво е посветен на истражувањето во сликарството и цртежот, додека со децении е јавно присутен преку повеќе уметнички дисциплини како сликање на стакло, карикатура, анимиран филм, палиндроми...
Неговата биографија содржи повеќе од шеесет самостојни изложби во земјата и во странство и забележителни презентации на значајни меѓународни изложби и манифестации.
Јанкуловски е овогодишен добитник на највисоката државна награда за животно остварување „11 Октомври“ за уметност и е еден од најуспешните македонски уметници со меѓународна кариера. Покрај највисоката државна награда, Јанкуловски е добитник на бројни меѓународни награди, вклучително: Наградата „Најдобар уметник“ на Ларнака биенале 2021; Наградата Рембрант - за извонредност во уметност за 2020 (од Светската асоцијација за визуелни уметности); Наградата „Ел Греко“ на Арт Тесалоники 2019; Наградата „Лоренцо Ил Мањифико“ за животно остварување на Фиренца Биенле 2019; Наградата „Уметник на светот“ на Ларнака Биенале 2018; Гран при на Меѓународното биенале за графика Варна во 2017…