Награда за животно остварување за Мице Јанкуловски на Биеналето во Фиренца

На македонскиот сликар и карикатурист Мице Јанкуловски синоќа на Фиренца Биеналето му беше врачена наградата „Лоренцо ил Магнифико" за животно остварување.

Наградата му ја врачија основачите на Биеналето Пасквале и Пјеро Челона, а причините за доделувањето на наградата ги образложи Мелани Зеферино, куратор на Фиренца Биеналето.

На доделувањето присуствуваа и говореа уметничкиот критичар и публицист Манос Стефанидис од Грција, уметникот Мати Грунберг од Израел, како и Роберт Алаѓозовски, национален координатор за развој на културата и меѓународната соработка на Македонија и Александар Наумовски, градоначалник на Ѓорче Петров, општина во која Јанкуловски живее.

Силите на антиглобализацијата веќе стануваат доволно моќни да и зададат значаен удар на светската економија. 

повеќе

Не се соочуваме со вооружен конфликт, туку со војна на мисли. Чувството на страв, несигурност или територија по самоубиствен напад, никогаш повеќе не можеш да го вратиш.

повеќе