„Над вода – под вода“- изложба на фотографии на Ема Кушевска и Михајло Филиповиќ – Фил

Во Галеријата Рудиќ вечерва ќе биде отворена заедничка изложба на фотографии на Ема Кушевска и Михајло Филиповиќ – Фил, на тема „Над вода – под вода“. Ќе бида изложени 28 колор фотографии на познатиот пар фотографи кои живеат и творат во Струга.

„Љубовта кон природата и фотографијата, особено кон водите, ги поттикна да избегаат од градот и веќе 12 години живеат на струшкото крајбрежје, крај езерото кое е вечна инспирација за секој уметник.

На овој навидум мал простор, тие секојдневно пронаоѓаат нови мотиви, го запознаваат богатството на ендемската флора и фауна,  ги откриваат убавините на четирите годишни времиња, а лете подводниот свет на нашето прекрасно Охридско Езеро. Денот е прекраток, како што велат, да се регистрираат и овековечат сите случувања на малото по површина, но големо пространство со своите чудесии, од изгрејсонце, до зајдисонце“, велат организаторите.

Изложбата ќе биде отворена до 8 октомври, оваа година.

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе