ЈАВНА ДЕБАТА

Националната галерија на Македонија трага по идеи за модернизација на објектот „Мала станица“

Во просториите на „Мала станица“, на 06 септември 2017, во 19 часот, ќе се одржи јавна дебата, организирана од страна на Националната галерија на Македонија, за размена на мислења и предлози за изработка на основен проект за реконструкција на објектот „Мала станица“, објект кој е во составот на Националната галерија на Македонија.

Потребата од пообемен зафат во однос на подобрувањето на условите на овој објект е со цел приближување кон светските стандарди за презентација, чување и заштита на уметничките дела.

За таа цел воочена е потребата од покривна реконструкција; изработка на депо со придружни конзерваторски простории; соодветен работен простор за вработените; во приземниот дел организирање на едукативен дел и книжарница; целосно реорганизирање на санитарните и електротехничките инсталации, кои се однесуваат на работните простории и на изложбените делови, како и илуминацијата на самата фасада на објектот; дополнително термотехничките и машински инсталации претполагаат еден товарен лифт за превоз на артефакти и лифт за посетители и систем за вентилација и климатизација кој е особено важен за депоата за чување на уметничките дела.

Во согласност со и заради овие потреби од ново архитектонско, ентериерно и техничко уредување и подобрување на објектот, на јавната дебата би се разговарало околу можните предлози за подобрување врз основа на стекнатите искуства и знаења на професионалните познавачи на музеолошката и галериската проектна и обликовна проблематика, но и на искуствата со користењето на објектот од страна на уметниците и на јавноста.

На јавната дебата се поканети: министерот за култура Роберт Алаѓозовски, архитекти и уметници, музејски работници, докажани во својата струка, како и заинтересираната јавност, сè со цел од неа да произлезат предлози за решенија кои ќе придонесат објектот „Мала станица“ да стане модерен и функционален културен објект по сите современи потреби, норми и стандарди.

Поканети панелисти на дебатата се м-р Дејан Ивановски, Бесиан Мехмети, м-р Виолета Бакалчев, д-р Огнен Марина, Мерита Максути, д-р Мартин Гулевски, м-р Гордан Николов, директор на Музејот на Македонија, м-р Елизабета Аврамовска, м-р Вана Урошевиќ, м-р Роберт Јанкуловски и м-р Оливер Мусовиќ, а модератор на дебатата ќе биде м-р Виолета Бакалчев.

Ова повеќе не е „бегалска криза" ниту „криза за управување со бегалци". Сега веќе е хуманитарна криза по сите дефиниции.

повеќе

Али Ахмети на средбите со Тачи и Харадинај изразил уверување дека македонските Албанци се подготвени да имаат блиска соработка со Косово во насока на проширување на влијанието на албанскиот фактор.

повеќе

Сега треба лидерите во Скопје, Атина, Брисел, па дури и во Вашингтон да осигурат дека храброста што ја покажаа македонските граѓани нема да биде залудна.

повеќе