На „Битфест“ изложба на акварели од уметникот Александар Поповски

Ликовниот уметник, битолчанецот Александар Поповски, синоќа во културниот центар „Магаза", а во рамки на летниот културен фестивал „Битфест", приреди изложба на акварели.

Во најголем дел од уметничките дела доминираат домашни миленици, но и портрети изработени во акварел и со различни димензии.

Александар Поповски има една самостојна изложба, а учествувал и на повеќе групни ликовни изложби организирани во државата и во странство. Поповски, освен со сликарство сезанимава и со стрип, илустрација и графички дизајн.

Битолското културно лето „Битфест“ вечер продолжува со фестивалот на музика и традиција „Локум фест“  на кој до 21 јули ќе настапат ансамбли од Индија, Бугарија, Словенија, Турција и од Македонија.

Гостиварскиот градоначалник од сограѓаните побара да бидат потолерантни кон однесувањето на печалбарите.

повеќе

Дента кога македонската делегација беше на пат за Нивици, Заев со себе требаше да понесе еден венец.

повеќе

Прашањето е претенциозно, интенционално и суштински погрешно формулирано, не го задоволува т.н. троен тест на единство и е итро, манипулативно и сугестивно.

повеќе