Во Куманово

„Музички орнаменти“, изложба на скулпторот Емил Солески

„Музички орнаменти" од скулпторот Емил Солески е насловена изложбата која ќе биде отворена вечер од 20 часот во кумановскиот центар за култура „Трајко Прокопиев". Ќе биде претставена збирка од десетина скулптури во мермер коишто авторот ги изработил во изминатите години.

„Авторот овојпат организира самостојна изложба во Куманово, иако претходно редовно учествува на биеналните изложби „Скулптури на новто време" кои ги организира кумановскиот центар за култура. Ги поканувам кумановци да ја проследат изложбата, бидејќи изложби на скулптури се сè поретки“, изјави Роберт Цветковски од Центарот за култура „Трајко Прокопиев".

Солески завршил вајарство на Факултетот за ликовни уметности во Скопје. Имал голем број самостојни изложби, учествувал на групни изложби, изработил монументални скулптури.

Изложбата ќе биде отворена до 21 ноември.

Визија на развиениот свет е државните авторитети да го гледаат спортот како средство за подобар економски и социјален развој.

повеќе

Јавните медиумски сервиси треба да бидат столб на демократските општества и примарен извор на информации за сите граѓани.

повеќе

Отповикот или импичментот на претседателот Доналд Трамп од страна на Претставничкиот дом покажува дека членовите на Конгресот на САД прво се партијци, а потоа Американци.

повеќе