ГРАФИЧКА ИЗЛОЖБА

Мали графички отпечатоци по формат носат силна порака

Третата меѓународна изложба „Екс-либрис Скопје“ ќе биде отворена на 6 декември (вторник), во 20.30 часот, во Музејот на град Скопје. На изложбата учествуваат 67 автори од 26 земји.

По дефиниција екс-либрис (ex-libris) е „декоративна етикета (bookplate) за сопственикот на книгата, поставена на првата страна од книгата, го содржи името на сопственикот и ознаката - од библиотеката на... екс-либрис“.

Уникатноста на овој израз и прашањето за постоење на класично маркирање на сопственоста низ едно уметничко минијатурно дело постои уште од далечната историја, кога книгата имала голема вредност, кога потребата за размена била од значење и за писменоста и за ширењето на културите. Колекционерите на книги, секако, значително го бележеле тоа богатство. Уметноста на изразувањето во вака мали димензии изискува вештина и внимание, исто како и создавањето во големи димензии, објаснува Дијана Томиќ Радевска.

Библиотеките исчезнуваат, се зголемуваат дата-базите со електронски записи, книгата ја води војната за опстанок со чиповите на податоци. Среде овие процеси, графичката уметност, можеби малку и потценета во ова модерно време, создава нови колекции на брилијантни мали стории за читачите, библиофилите, колекционерите.

Меѓународната изложба „Екс-либрис Скопје“, преку нејзиното трето издание, гордо се шири низ бројноста на учесниците и се раскрилува на многу страни на светската уметничка сцена. Во рамките на оваа изложба, повторно ќе имаме можност да проследиме класични техники со минуциозна изработка и пристапи што го комбинираат класичното и современото. Слободната тема и разноликоста на пристапот го создаваат богатството на овогодишната колекција на „Екс-либрис Скопје“.

И овојпат ќе ја потенцираме сериозноста на организаторот, посветеноста да се постигне квалитетен критериум на вредности, како и желбата манифестацијата да израсне во далекусежен собир на мали по формат, но јаки по порака графички отпечатоци.

Со оваа изложба, графиката ја одржува позицијата на различните типично графички дисциплини, кои се чинеше дека полека исчезнуваат. Благодарение на ентузијазмот и на професионалноста на уметниците, кои се верни и чесни кон својата професија, со ова биенале добиваме уште една, нова колекција за почит, напиша графичарот и дизајнер Дијана Томиќ Радевска.

Програмата за вакцинација во Бугарија може исклучиво да се окарактеризира како фијаско. 

повеќе

Вакцинирањето преку ред, слабата стратегија и лошата комуникација со јавноста ги обележаа првите месеци на вакцинирање во Хрватска која во моментов е близу дното на ЕУ во однос на процентот на вакцинирана популација. 

повеќе