петок, 10 мај 2024
Парламентарни избори 2024

Aпасиев: Нè игнорираа, нè исмеваа, нè напаѓаа, а сега, веќе ни се плашат!

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев во обраќање до членство и симпатизерите кои гласаа за партијата изразувајќи им благодарност порача: „Заедно докажавме дека трулиот систем може да се изигра. Борбата нема да биде лесна, но со цел на нè запрат прво нè игнорираа, потоа нè исмеваа па нè напаѓаа, а сега, веќе ни се плашат! Затоа, борбата не смее да запре, сè додека не ги победиме“, вели Апасиев.

Фото: Фејсбук

Објавено на

часот

Сподели

Апасиев вели дека вербата во левичарската кауза ја поттикнува решителноста уште поборбено да се тргне кон значајни промени, кон пофер, попрaвично и порамноправно општество за народот.

„Борбата која ни претстои не сме наивни да веруваме дека ќе биде лесна. Напротив, свесни сме дека ќе биде сериозен предизвик. Сепак, со вашата континуирана поддршка убеден сум дека можеме да дојдеме до уште подобри резултати кои ќе значат надеж, но и можна поубава иднина дома, во Македонија.

Дека најголема закана за системот се чесните граѓани организирани во борбена работничка Партија, кои се спремни да бидат над матрицата на клиентелизмот и личниот интерес понуден од ‘змијата’ (СДС) или ‘магарето’ (ДПМНЕ).

Дека токму тие луѓе исфрлија шест нечесни и на нивно место донесоа шест чесни народни пратеници, а разликата допрва ќе ја сведочиме.

Со Левица, нема веќе инфериорни Македонци во сопствената држава“, вели меѓу другото Апасиев.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ