ВО НИРНБЕРГ

„Кучињата“ на сликарот Сергеј Андреевски ќе лаат и во Германија

Серијата слики од циклусот „Кучиња“ на македонскиот уметник Сергеј Андреевски од викендов ќе бидат изложени во Нирнберг, Германија. Андреевски е гостин на манифестацијата „Тат Орт“ („Tat Ort“ или „Crime scene“ во буквален превод значи „Место на злосторството“) што традиционално се одржува во срцето на Франконија – Нирнберг на 48 уметнички точки.

За љубителите на уметноста во ателјеата на уметниците овој викенд во Нирнберг ќе бидат отворени 48 поставки што ја отсликуваат моменталната ликовна сцена, а посетителите ќе имаат можност да се сретнат и со уметниците т.е. „виновниците“.

Сликите од циклусот „Кучиња“, што претходно беа изложени во Москв, овојпат ќе бидат поставени во галеријата на сликарката Герлинде Пистнер, колешка и долгогодишен соработник на Андреевски. Интересно е да се каже дека во рамките на манифестацијата, ќе биде одржана и модна ревија на престилки со коишто Пистнер, минатата година, премиерно се претстави во Слоештица, во рамките на јубилејната, 10-та манифестација „Славење на пирејот“, и која предизвика многу возбуда кај публиката.

Ако лидерите на двете најмоќни земји во светот – САД и Кина имаат суштински разлики во начинот на кој тие гледаат на меѓународните односи, какви се изгледите за глобално зајакнување на соработката?

повеќе

Најновите случувања на релација политичка власт-граѓански сектор, повторно го отвораат прашањето за односите помеѓу овие два сегмента на општествениот живот.

повеќе

Жените имаат повеќе тешкотии од мажите да најдат значајна и добро платена работа, а процентот на жени во глобалната работна сила постојано заостанува зад процентот на мажите. 

повеќе