Концептуална изложба на фотографии „Убавите жени на мојот народ“ од Славчо Максимовски

Концептуалната изложба на фотографии „Убавите жени на мојот народ“ од Славчо Максимовски вечер ќе биде отворена во Културно-информативниот центар – Скопје.

Според Валентина Матовска, песната „Убавите жени“ на Блаже Конески за Славчо Максимовски претставува мотив за создавање на овие дела.

„Следејќи го академскиот пат на Славчо Максимовски низ мојата перцептивна призма преточена низ збор, неоспорна е забелешката за присуството на енергијата на жената, на женското тело и феминината природа во неговите дела“, вели Валентина Матовска за изложбата.

Славчо Максимовски е роден во 1988 година во Скопје. Во 2007 година во Скопје завршил средно уметничко училиште, насока графика. Во 2011 год. дипломирал на Факултетот за хумани науки и уметност при Универзитетот во Тетово, насока графика, во класата на проф. м-р. Нафи Јашари. Во 2018 год. магистрирал на Факултетот за ликовна уметност при Универзитетот „Кирил и Методиј“ во Скопје, насока Сликарство во класата на проф. м-р Јован Шумковски.

Се усовршувал и преку стручни престои во Франција и Шпанија. Своите ликовни дела ги изложувал во земјава и странство, на самостојни и групни изложби. Неговите ликовни дела се дел од приватни колекции во земјава, во Србија, Словенија, САД, Канада и Еквадор. Покрај сликарство и графика, неговиот интерес вклучува и фрескоживопис, едукација, дизајн и филм.

Изложбата ќе биде отворена до 14 септември 2022 година.

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе

Трагично е што воопшто треба да се бориме за зачувување на институција која отсекогаш била стожер на културниот живот во Македонија.

повеќе

Македонија нема рециклирачки капацитет за пластичната амбалажа, а со увозот на ѓубре како гориво во индустријата, станува и неофицијална депонија на ЕУ.

повеќе