„Јас и круг“, самостојна изложба на Петра Јовановска

На 23 јуни во галеријата Остен во Скопје ќе биде отворена самостојната изложба на ликовна уметница Петра Јовановска со наслов „Јас и круг“.

Петра Јовановска како авторка веќе долг период го истражува кругот и го вметнува во своите дела. Се сретнува во него, се навраќа кон кругот, ги истажува границите на кругот, патува низ кругот. Сѐ тоа со цел да направи една целина, едно заокружување.

Круг кој има едноставен геометриски облик, но има воедно и јака и голема симболика и функиција за авторката. Во своите дела создава чисти геометриски композиции составени од овој елемент. Понекогаш пак само делумно го вментува кругот во своето творештво. Кругот на некој начин го става во споредна улога, пробувајќи на свој ликовен начин да се отргне од него. Круг како симбол на нешто, што нема ниту почеток, ниту крај, симбол на бесконечност, една целина. Круг и како симбол на внатрешна слобода, сонце, месец. Круг како симбол на вечноста, перфекција, живот, почеток и крај, љубов.

Овој пат авторката сака да го зацрвсти односот помеѓу неа и кругот, можеби и со цел да се збогува со него и да премине на исртажување на можеби некој друг едноставен геометриски облик, можеби триаголник?

Петра Јовановска ќе понуди ликовни дела, изработени во комбинирана техника на платно, картон и на хартија. Авторката како графичар тргнува од медиумот графика, пред сѐ од графичките сегменти изработени во графичка техника сув печат. Користејќи и други медиуми и ликовни техники како цртеж, слика, колаж, фотографија со дигитална манипулација доаѓа до мултимедијална техника.

Петра Јовановска завршила ФЛУ во Скопје. До сега реализираше 45 самостојни изложби во Македонија, Чешка, Франција, Германија, САД, Хрватска, Полска, БиХ, Србија. Учествувала во над 300 групни изложби, добитник на награди, учесник на голем број меѓународни ликовни колонии, симпозиуми, семинари.

Изложбата е финансиски поддржана од Министерство за култура и од амбасадата на Чешка. На отворањето на изложбата ќе присуствува и заменик амбасадорот Лубомир Пшенка. Изложбата ќе биде достапна за посета со задолжително запазување на сите мерки донесени од Владата за заштита од пандемијата.

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе