Изложбата „Народните носии низ објективот на Тошо Дабац“ вечер во Битола

Во Центарот за култура-Битола вечер ќе биде отворена изложба со 32 избрани фотографии на народни носии од Тошо Дабац (1907-1970), еден од најистакнатите фотографи од Загреб.

Изложените се од групата фолклорни фотографии кои прикажуваат мотиви од народните носии од повеќе краишта во Хрватска, Босна и Херцеговина и во Македонија, информира Центарот за култура-Битола.

„При изборот сакавме да ги прикажеме оние фотографии кои не биле често репродуцирани и кои им се помалку познати на стручњаците и љубителите на народните носии. Сепак, не можевме да одолееме да не ги изложиме и попознатите фотографии како што се „Македонец“ и „Жената од Гарешница“, која на изложбата е прикажана во поинаква светлина. Изложената студиска фотографија го прикажува чинот на настанувањето на често публикуваната фотографија „Жената од Гарешница“. Ова упатува на фактот дека Дабац често бил ангажиран за фотографирање носии за разни публикации и фолклорни настани и дека на тие фотографии деталите на народните носии биле внимателно избрани“, посочува битолскиот Центар за култура.

Јавноста во Битола вечер ќе може да види фотографии кои ги прикажуваат машките и женските свечени народни носии, работните и секојдневните носии, детските носии и фолклорните костуми.

Организаторот наведува дека идејата била да се прикаже  разновидноста на мотивите на традиционалното текстилно ракотворство и облека и да ја истакне улогата на фотографијата при истражување и реконструкција на народните носии. Со тоа фотографиите, покрај уметничка, имаат и документарна вредност.

Изложбата ја дополнуваат оригинални делови на народните носии од збирката на работилницата за изработка и позајмица на народни носии, кои се тематски поврзани со изложените фотографии.

Тошо Дабац е автор на голем број културно-историски и уметнички монографии. Бил член на бројни стручни здруженија, како што се Американското фотографско друштво, Меѓународната организација на фотографи и почесен член на Кралското фотографско друштво во Белгија.

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе