Изложбата „Еден маж и една жена", вечерва во Музеј-Галерија во Кавадарци

Заедничката изложба на уметниците Емилија и Стојче Тоциновски, насловена „Еден маж и една жена", вечерва, во 19 часот, ќе биде отворена во Музеј-Галерија во Кавадарци.

„Преку оваа 14-та самостојна заедничка изложба сакаме да го претставиме нашето сликарство пред љубителите на уметноста во Кавадарци. Првично потенцирајќи го заедништвото како сопружници и ликовни уметници кои сликаат заедно на исто платно и создаваат естетски свет со сопствен сликарски ракопис, покажувајќи го аспектот на креативноста. Инспирацијата и нашиот личен отпечаток е натурализмот како уметнички процес, пренесувајќи го исконското во нас, дрвјата и планините кои се личен отпечаток и ги имаме во сите уметнички дела изјавија уметниците“, вели брачната двојка Тоциновски.

Тие посочуваат дека од изложба на изложба ја раскажуваат нивната приказна.

„Животот не научи дека само преку дисциплина, посветеност и прецизност, надополнети со талент може да се создава. Времето во кое живееме влијае на сите нас од многу аспекти. Но дали тоа ќе влијае позитивно или негативно, зависи од самите нас. Кога кај уметниците постои отворен ум, постојано истражување и набљудување на околината, едукација, посета на галерии и студија тогаш не постојат никакви ограничувања“, вели двојката Тоциновски.

Тие истакнуваат дека никогаш не гледаат што не можат, туку што можат. Затоа и во нивните дела, како што велат, има многу позитивизам, топлина и пред сè чувства

 

 

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе

Според последното истражување на организацијата ПИНА, базирано врз анкети направени со 103 новинарки, 24,1% од новинарките добиле закани за физичко насилство, а 19,5% и закани по животот.

повеќе