НГМ

Изложбата „Борко Лазески 1917-1993“ ќе биде поставена во Даут пашин амам

Одбележувањето на 70-годишнината на Националната галерија на Македонија, кое почна овој февруари, е посветено на уште еден голем јубилеј, 100 години од раѓањето на Борко Лазески. Чествувањето почна со промоција на монографското издание „Борко Лазески 1917-1993“, кое се случи на 08.02.2018 год. во Македонската академија на науките и уметностите. Одбележувањето продолжува со отворањето на изложбата „Борко Лазески 1917-1993“ на 15.02.2018 година, во 19 часот, во амбиентот на Даут пашиниот амам.

На отворањето на изложбата ќе се обратат министерот за култура на Р. Македонија, Роберт Алаѓозовски, Соња Абаџиева, критичар и истакната личност од областа на културата и ликовната уметност, и директорката на Националната галерија на Македонија, д-р Дита Старова Ќерими.

На изложбата ќе бидат претставени шеесеттина дела од речиси сите творечки фази на авторот. Претходно, на промоцијата на монографијата „Борко Лазески 1917-1993“ одржана во Македонската академија на науките и уметностите зборуваа академик Таки Фити, академик Цветан Грозданов, академик Влада Урошевиќ, професорот Небојша Вилиќ и кураторот на проектот Маја Чанкуловска Михајловска. На промоцијата беше истакнато значењето на уметничкото творештво и на личноста на Борко Лазески.

Монографското издание и изложбата се финансирани од Министерството за култура на Република Македонија, а во реализација на истите учествуваат Влада на Република Македонија (Служба за општи и заеднички работи); Собрание на Република Македонија; Народна банка на Република Македонија; Министерство за одбрана (Касарна „Алекса Демниевски - Бауман“, Велес); Македонска академија на науките и уметностите; Музеј на град Скопје; Музејот на современата уметност - Скопје; Музеј на Македонија; Историски музеј Крушево; Хотел „Монтана“, Крушево; Завод и Музеј Прилеп; Центар за култура „Марко Цепенков“ - Прилеп; Центар за современа ликовна уметност - Прилеп; Завод и Музеј Охрид; Музеј Куманово; Музеј на Западна Македонија во НОВ - Кичево; Стопанска банка а.д. Скопје; Вардар филм; Македонски пошти Битола; ОСТЕН Музеј на цртеж, Скопје, Кинотека на Македонија, Македонска телевизија и значаен број приватни сопственици.

Куратор на проектот е Маја Чанкуловска Михајловска и истиот ќе може да се погледне до 05 април 2018 година.

На денешен ден, 18 февруари 2013 година, Собранието на РМ го избра Талат Џафери за министер за одбрана.

повеќе

Народот е тој што треба да кажува дали политичарите се умни, знаат, ќе одлучи или пак ќе бара нивна смена.

повеќе

„Бејоеремите" веќе многу долги години имале и имаат јазик којшто (Слушни! Слушни добро!) сите, освен нас, го нарекуваат „македонски".

повеќе