Младинската иницијатива од „Орце Николов“

Изложба, заедно во решавање на проблемите на младите

„Што ми помогна да го пребродам проблемот", ќе биде темата на изложбата која ќе се оджи на 27 мај со почеток во 19 часот, во гимназијата „Орце Николов" во Скопје. Целта на оваа изложба е преку анонимни творби отворено да се споделуваат проблеми на младите и начините на кои тие се справуваат со нив.

Изложбата е во организација на младинската иницијатива S.H.A.R.E. (Speak Honestly And Resolve Everything) кои ја покренаа десетина средношколци од гимназијата „Орце Николов“, во рамки на проектот „Вклучи се за промена” од здружението „Лидери за едукација“, активизам и развој (LEAD) и Агенција за млади и спорт.  

На овој отворен настан ќе бидат изложени фотографии, цртежи, поезија и други форми на изразување, преку кои младите ќе го презентираат својот начин на соочување и решавање на проблемот.  

Сите пристигнати творби на изложбата ќе бидат анонимни, за да се стави акцент на начинот на соочување и решавање на проблемот, наместо на личноста која се соочувала со истиот.

Организаторите на изложбата младинската иницијатива S.H.A.R.E. ги покануваат сите заинтересирани да дојдат и да ја посетат.

Изложбата „Што ми помогна да го пребродам проблемот“, што ќе се одржи во понеделник на 27 мај во гимназијата „Орце Николов“ од 19 часот, е една од активностите што досега ги реализираше младинската иницијатива S.H.A.R.E. Во насока на подигнување на свеста кај младите за поголема грижа за своето ментално здравје и успешно решавање на проблемите со кои се соочуваат, досега се организирани низа работилници и настани. На нив, младите преку симулации, студии на случаи и други форми работеа на подигнување на свеста за важноста на споделувањето на проблеми но и посетата на стручно лице.

Најголемиот предизвик на секоја земја е развојот и одржувањето на здрава популација.

повеќе

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе

Ништо не ме научи повеќе за моите родители, а и за мене, од храната што тие ја обожаваа откако избегаа од Босна.

повеќе