Изложба за средновековното наследство на Скопје

Изложба за средновековното наследство на територијата на градот Скопје ќе биде отворена денеска во ТЦ „Капитол" во организација на „Хаемус".

Насловена е „Skopje ByzArt – историја, уметност, традиција и искуство“ и ќе може да се посети до 27 септември од 10 до 22 часот.

Ќе бидат изложени панели групирани тематски според историски, уметнички, религиски и етнографски карактеристики, како и уметнички дела и ракотворби од изложбено-продажен карактер изработени со помош на оригинални средновековни техники од сестринството на Марковиот манастир.

Со оваа изложба „Хаемус“ се вклучува во манифестацијата „Европски денови на културното наследство 2019“ која се организира од 1991 година на иницијатива на Советот на Европа и со поддршка од Европската Унија.

„Целта на нашата изложба е поткревање на свеста кај пошироката јавност за заедничкото европско наследство преку промоција на средновековното наследство на Скопје“, изјави Василка Димитровска, директор на „Хаемус“.

Јавните медиумски сервиси треба да бидат столб на демократските општества и примарен извор на информации за сите граѓани.

повеќе

Отповикот или импичментот на претседателот Доналд Трамп од страна на Претставничкиот дом покажува дека членовите на Конгресот на САД прво се партијци, а потоа Американци.

повеќе

Најпрво, важно е да се напомене дека поседувањето на оф-шор компанија не е нелегално само по себе. Во суштина оф-шор земјите нудат низа поволности како што се исклучително поволни стапки на данок. Всушност, некои од нив имаат нула стапка на данок. 

повеќе