Изложба во Неготино на уметниците Петра Јовановска, Вит Павлик и Теодор Бузу

На 3 мај (вторник) во 19 часот во Музеј на град Неготино ќе биде отворена ликовната изложба под наслов „Кружни емоции“ на ликовната уметница Петра Јовановска со нејзини гости од Чешка, уметниците Вит Павлик и Теодор Бузу.

Изложбата свечено ќе ја отвори Јарослав Лудва, амбасадор на Чешка во Македонија и директорката на музејот Драгица Чекорова.

Двајцата поканети уметници од Чешка зад себе имаат големо ликовно искуство, голем број самостојни и групни ликовни изложби, добитници се на голем број награди, и самите се организатори на меѓународни проекти, симпозиуми во областа на визуелни уметности.

Петра Јовановска се занимава со сликарство и графика, и често ги комбинира овие две ликовни дисциплини, за да долови посакуван краен резултат. Ги обработува темите како одлука, спојување, поново наоѓање. Авторката со визуелно истражување прави обид за доловување на амбивалентноста на присутноста и неприсутноста на физичкото битие. Во содржинска смисла делата поседуваат многу автобиографски предзнаци, со многубројни прашања од лична природа. Петра Јовановска ја истражува мудроста на циклично сваќање на светот, го опишува тој животен циклус.

Колку би било едноставно мудроста на кругот да може да се имплементира во секојдневниот живот. Како што секој ден се менува, ден и ноќ, секоја година се менува, пролет, лето, есен, зима, така во нашите животи се менуваат нашите емоции, чувства, распположение. Мигови на радост, среќа, на фрустрации и болка. Овие емоции кои произлегуваат од симболот на кругот се главна тема на делата на Петра Јовановска. Исто така тука е присутен кругот како симбол на спојување и тоа или кон сам себе си или кон други битија. Циклична перспектива, која на разлика од линеарниот поглед го наметнува цврстото соединување помеѓу минатото и иднината и што дава значење на сегашноста. Кругот го презентира поединецот како и сите други живи сушстевства на нашата планета. Кругот е совршен начин како да се пренесе спојување на едно лице кон остатокот на универзумот. Овој пат заедно да се обидат да направат визуелна приказна со ликовно прикажување на емоции кој ги наметнува симболот на кругот.

Организатор на изложбата е самостојна уметница Петра Јовановска.

Ликовниот проект е поддржан од Министерство за култура на Македонија и амбасадата на Чешка.

Петра Јовановска е родена 1972 година во Чешка. Завршила Ф.Л.У. во Скопје, смер графика. Таа е ликовен уметник, организатор, куратор и координатор на многубројни ликовни проекти, досега има реализирано 52 самостојни изложби, голем број од нив во своја организација, учествувала во над 300 групни изложби, добитнк е на бројни награди, учествувала на многубројни ликовни симпозиуми, колонии.

Вит Павлик е роден 1976 година. Дипломирал на Јужночешкиот универзитет. Директор и професор во уметничката школа во Волари, претседател на здружението АЈВ. Има реализирано голем број на самостојни и групни изложби во Чешка, Германија, Франција, САД... Се занимава со сликарство, цртеж и фотографија. Добитник е на број награди во Чешка и Германија.

Теодор Бузу е роден 1960 год, дипломирал на Академијата за уметности и дизајн. До сега има реализирано 96 самостојни изложби и учествувал на над 120 групни иложби. Добитник е на многубројни награди во Чешка, Германија, Молдавија, Словачка. Учесник е на голем број меѓународни ликовни симпозиуми и колонии. Работи како професор во уметничка школа во Табор, Чешка.

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе

Самостојните уметници не се доволно мотивирани да создаваат. 

повеќе