Изложба: „Традициите и современоста на Татарите - полските муслимани“

На 19 април во галеријата „Чифте амам" во Скопје ќе се отвори изложбата за традициите и современоста на полските муслимани - Татарите.

Изложбата ја прикажува историјата на присуството на Татарите на територијата на Полска, започнувајќи од крајот на XIV век до денес. Тоа е концизна и визуелно атрактивна презентација на татарското присуство на територијата на некогашното Големо кнежество Литванија, духовниот и општествениот живот и на придонесот на татарската заедница за развојот на културата и јакнењето на полската државност.
Автори на изложбата: Луцина Лешиш, Барбара Павлиц-Мишкјевич.
Водечки теми на изложбата се: религија (прикажана е богата иконографија на џамии, мизари - муслимански гробишта, религиски книги, молитвеници), воена служба (презентација на учеството и улогата на Татарите во важни битки и војни во редовите на полски воени единици, вклучувајќи ги и борбите за независност, полско-болшевичката војна од 1920 година и Втората светска војна), општествен и културен живот на Татарите во периодот меѓу двете светски војни (меѓу другото, формирањето на Муслиманската верска заедница во Република Полска), историја на полските Татари по 1945 година (опис на центрите на верскиот живот, местата со најголема концентрација на татарско население, религиозните и кулинарските традиции, како и појавата на нови молитвени домови).
На отворањето ќе учествува делегација од Полска во состав:  Анатол Вап, директор на секторот за култура и национално наследство во администрацијата на локалната самоуправа на Подлаското Војводство,  Анджеј Леховски, директор на Подласкиот музеј во Бјалисток, Луцина Лешиш, раководител на Историскиот музеј во Бјалисток, коавтор на изложбата.
На отворањето ќе настапи фолклорниот ансамбл „Македонија“.
Реализаторина оваа изложба се Подласкиот музеј во Бјалисток и Врховниот муслимански колегиум на Муслиманската верска заедница во Република Полска.
Подласкиот музеј во Бјалисток е најголема музејска установа во Подлаското Војводство. Се занимава со собирање, заштита и популаризација на историското и културното наследство на градот Бјалисток, регионот Подлаше и североисточна Полска. Важен дел од дејноста на мултикултурната, мултинационалната и мултиконфесионалната историја и култура на Бјалисток и регионот. Многу од мериторните активности на Подласкиот музеј се ефект на соработка со институции од областа на културата и уметници од Полска и од странство.
 

Новинарите на хрватски ТРИС се приклучија во патувачкиот новинарски карван до земјата без име.

повеќе

Лидерството на опозициската ВМРО-ДПМНЕ мора да излезе јавно, на прес конференција, заедно со сите пратеници, и да објават прекин на секакво понатамошно учество во дискусија на собраниската седница.

повеќе

Според Агенцијата за вработување, најмногу невработени има меѓу дипломираните правници, економисти, професори по одделенска настава на македонски и албански јазик и социјални работници. 

повеќе