Национална галерија на Македонија

Изложба Соблечени, женскиот акт како контекст

На 5 март, по повод празникот 8 Март Националната галерија ќе ја отвори изложбата под наслов „Соблечени, женскиот акт како контекст" во објектот Чифте амам, во 19,30 часот.

Традиционално, веќе трета година по ред, се придружуваме кон одбележувањето на меѓународниот ден на жената, 8-ми Март со уметнички концепт каде се величи жената како автор или како неисцрпен мотив. Таков е и проектот „Соблечени: женскиот акт како контекст“ од колекцијата на Националната галерија на Р.С. Македонија, соопштуваат од Националната галерија

Изложбата ќе вклучи женски актови изработени од автори од поранешниот југословенски простор – од колекцијата од поранешните југословенски републики, како и дела од македонската колекција. Ќе бидат претставени, актови или полуактови од авторите: Влахо Буковац, Петар Палавичини, Фрањо Кршиниќ, Тома Росандиќ и други, како и македонските Лазар Личеноски, Никола Мартиноски, Димо Тодороски, Борка Аврамовска, Спасе Куноски, Боро Митриќески, Иван Велков..., сè до дела со концептуален дискурс од помлади автори, како Ирена Паскали и Атанас Ботев.

„Како институција од областа на музејско - галериската дејност, први, а можеби и единствени, пласиравме концепт во насока на одбележување на овој меѓународен ден. Оваа година ја вклучивме колекцијата на Националната галерија со што нудиме видливост и афирмација, како на делата така и на авторите до пошироката публика“, порачува д-р Дита Старова Ќерими, директорка на Националната галерија, која воедно и ќе ја отвори изложбата. 

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе