Изложба „Скопски материјални и духовни проблесоци“ во Истанбул

Музејот на град Скопје со изложбата „Скопски материјални и духовни проблесоци" од авторите Драгица Живкова и м-р Игор Кузманоски, и Климе Коробар како нејзин комесар, ќе се претстави вечер во културниот центар „Али Емири Ефенди" во Истанбул.

Изложбата се состои од 33 паноа со фотографски прикази на артефакти од средновековниот и турскиот период што се во сопственост на музејот, а кои потекнуваат од поширокиот простор на скопската тврдина и чаршија.

Изложбата „ Скопски материјални и духовни проблесоци “ во Истанбул се реализира и за да ја одбележи 15-годишнината од збратимувањето на градовите Скопје и Истанбул, а со цел за интензивирање и продлабочување на соработката од областа на културата, информираат од Музејот на град Скопје.

Изложбата финансиски е поддржана од Град Скопје, а се реализира и во соработка со Културно-информативниот центар на Република Македонија во Истанбул. На отворањето на изложбата пригоден концертен настап ќе имаат и дуото Скупи. Изложбата ќе биде отворена до 19 декември.

Според Законот за вработените во јавниот сектор, службениците можат да примаат подароци во вредност до 3000 денари годишно, што се смета за „пониска вредност“.

повеќе

Кинеското присуство во Македонија не треба да се преценува или стигматизира, туку да се искористи,

повеќе

Земјите од Западен Балкан се соочуваат со нов безбедносен предизвик: дерадикализација и реинтеграција на повратниците.

повеќе