Изложба „Преку планината“ - за македонскиот неолит преку артефактите во Зелениково и Говрлево

Во Музејот на Град Скопје вечер ќе биде отворена изложбата „Преку планината: или за двата паралелни неолитски света на Слатина – Зелениково и Церје – Говрлево".

Како што најави Музејот на Град Скопје, проектот претставува тематска изложба за сличностите и разликите на материјалната култура од два локалитета, од ист период, лоцирани во непосредна близина.

„Освен огромниот број типични артефакти од македонскиот неолит, откриени и на двата локалитета, во збирките се забележуваат одредени предмети со исти својства, но со различна изведба и различен изглед. Сличностите во материјалната култура ја означуваат припадноста на локалитетите во големиот културен комплекс на балканскиот неолит, но, во исто време, големите разлики меѓу одредени предмети упатуваат на негување посебни традиции и појава на одредени идентитети, уште пред 7000 години“, наведуваат организаторите.

Оваа изложба првпат по 35 години ќе ги вклучи неверојатните артефакти од наведените локалитети и ќе ги спореди меѓусебно, при што, како што се наведува, предметите од Слатина – Зелениково досега не биле изложени за јавноста.

Во рамките на изложбата ќе бидат претставени неколку категории керамички предмети откриени на локалитетите: антропоморфни и зооморфни фигурини, антропоморфни модели на куќи, жртвеници и садови. 

Продолжува активноста на копачите, крановите и мешалките за цемент додека самите Албанци се протерувани од градот. 

повеќе

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе