Изложба „Остен биенале на цртеж – Скопје 2020“ во галеријата Мала станица

Од денеска до 18 март во галеријата Мала станица  може да се посети изложбата „Остен биенале на цртеж – Скопје  2020 – наградени уметници и финалисти“.

На биеналето учествуваа 260 уметници од 44 земји со 819 дела, а селекторот Емил Алексиев избра 135 уметници и од нив 75 беа избрани за финалисти.

За наградените автори одлучуваше меѓународно жири во состав: Катрин Бекер, Германија (уметнички директор на Центарот за современа уметност „Киндл“, Берлин), Ларс Курулф Милер, Данска (директор на музејот „Борнхолмс“) и Жолт Петрани, Унгарија (раководител на одделот за современа уметност во Националната галерија на Унгарија во Будимпешта).

Селектираните уметници на „Остен биеналето на цртеж – Скопје 2020“ и „Остен биеналето на наградени автори 2019-2020“ беа претставени на изложба во октомври минатата година во галеријата Чифте амам, по повод 75-годишнината на „Остен“.

Наградите за кои одлучува Советот на амбасадори на Остен, на Остен биеналето на цртеж Скопје 2020 се: ГРАН ПРИ за животно остварување - Емилија и Илја Кабакови, Русија / САД, награда Светско културно наследство - Оскар Кокошка, Австрија, Посебно Гран при за извонредни уметнички остварувања - Јоргос Ксенос, Грција, Посебно Гран при за извонредни уметнички остварувања - Таки Павловски, Македонија.

Награди во соработка на САВУ (Светската асоцијација за визуелни уметности): Уметник на светот - Ецио Грибалдо, Италија, Награда Рембрант за извонредност во уметноста - Мицко Мице Јанкуловски, Македонија.

Наградите од жирито и Остен ќе бидат официјално соопштени и доделени (на оние уметници кои ќе бидат присутни) на 18 март (четврток), 19 ч. во Националната галерија на Македонија - мултимедијален центар „Мала станица“.

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе