Изложба од креативните работилници за деца со аутизам

Во рамки на проектот „Уметност за сите" и по повод одбележувањето на Меѓународниот ден на лицата со аутизам, Националната галерија на Македонија в четврток во Чифте амам ќе отвори изложба „Пролет, лето, есен, зима... и повторно пролет", а наредниот ден ќе организира трибина „Културолошка инклузија на лицата со посебни потреби".

Во автентичниот амбиент на Чифте амам беа организирани креативни работилници во кои учествуваа деца со аутизам од училишта од Штип и Скопје. Тие работеа со различни материјали од органско и од неорганско потекло од што произлезе и изложбата. Неа задутре ќе ја отвори покровителот на проектот „ Уметност за сите“- амбасадорот на Холандија Ваутер Пломп и ќе може да се посети до 12 април. 

На трбината „Културолошка инклузија на лицата со посебни потреби“ која во Чифте амам ќе се одржи на 5 април ќе учествуваат владини претставници, писатели, уметници, дефектолози…

Националната галерија вторпат ќе организира трибина посветена на култоролошките активности на лицата со посебни потреби.  НГМ соопшти дека нивната цел, која е поттикната од долгогодишниот револт од секојдневната дискриминација и маргинализација на лицата со нетипичен развој, е тие да се вклучат во што поголем број културни активности, а особено во процесот на создавање уметност.

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе