В понеделник во Ко-Ра

Изложба - Ниту давам, ниту земам, ниту сведочам! на Андријана Андреева

На 19 септември во 20 часот во Домот на културата Кочо Рацин во Скопје ќе биде отворена изложбата на уметницата Андријана Андреева. Се работи за проект што е своевиден социолошки експеримент „Социјалниот агол во уметноста“ (Social angle in art).

Изложбата е проект од национален интерес поддржана од Министерството за култура, во соработка со Црвен крст на град Скопје и здружението Стремеж.

Изложбата е насловена „Interruption or intersection“, а по нејзиното завршување ќе продолжи виртуелно под покровителство на Инрумрпивју (Inroompreview).

Промена на начинот на реагирање на одредено туѓо однесување е иницијалната идеја на проектот, велат организаторите на изложбата.

„Дали е етички да се преправа туѓо дело. Дали е етичко наметнувањето и дали е наметнување или е само прикриен пресек? Дали новото нормално ја наметнува потребата од флексибилност, потребата од нови стандарди, нови лимити.... Ова се само едни од многутте прашања кои ги отвора оваа тема“, најавуваат организаторите.

Проектот ќе се одвива во две фази. Во првата фаза се реализираа неколку работилници со лица со интелектуална попреченост. Практикантите интервенираат на цртежи и платна, а потоа авторот на нивните автоматски цртежи.

„На нивните цртежи се служам со Пареидолија како на гледачот би му ги доближила тие нивни внатрешни чудесни светови. Автоматскиот цртеж, кој е дел од арт терапијата, е дијалог со несвесното. За сознанијата од оваа практика ќе зборувам на отворањето на изложбата.

Вториот дел од изложбата е интеракција со публиката, понудени платна на кои може да се интервенира. Едно платно е бело - Плиз сеј самтинг - порака до публиката. Другото платно е завршено, но испровоцираниот набљудувач може да продолжи таму каде што јас завршив. И третото платно е поделено на обоени сегменти, твое поле, мое и наше поле.

Дали еден потег со четката на платно, ти како чин на насилно упаѓање во твојот простор ќе поттикне во мене процес на преиспитување на моите ставови и видувања или ќе предизвика радост низ детски очи... чувство на заедништво“, вели уметницата Андријана Андреева.

Оваа изложба отвора простор за социјален критицизам, отворени можности за истражување на возможното во уметноста. Што е всушност уметноста? Да ги разгледаме нашите очекувања, уметникот, уметноста и јавниот простор. Граѓанска непослушност...предизвикување на поставените лимити. Може ли уметноста да охрабри обединување за социјални промени?

„Андријана Андреева има специфичен стил на творење, со истакнати и рафинирани визуелни поентирања, трпелив набљудувач на индивидуата кој сака да продре во вистината на секое „Јас”. Нејзините цртежи и слики ја допираат бајката, кокетираат со поезијата и не држејќи се строго до ниту еден правец или канон, таа го наоѓа сопствениот уметнички ракопис“, пишува новинарката Александра Јуруковска.

Андреева е добитник на Првото место на конкурс на град Скопје “Сувенир на град Скопје” и Contineo 2020 and YLDA Association Award ‘’Top ten’’ -2016.

Таа била дел опд неколку групни изложби – КИЦ, Групна изложба“Деница“, МКЦ –Групна изложба „Накит на метро“, Културни центар града Београда „Мода за понети“..., самостојни изложби „Стимпанк егзибишан“ галерија „Ко-Ра“, „Со тебе во мене“ „Ко-Ра“, Matei Galleria, Harvard, USA...

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе