Изложба на Тамара Забазноска во МКЦ

Самостојна изложба насловена „Натура“ на уметницата и архитект Тамара Забазноска ќе биде отворена вечер во 20 часот во Галерија МКЦ, во Скопје.

„Натура“ е синтеза помеѓу универзалното и микроскопското, силите што ги брануваат длабочините на човечкото битие и природата, која крие тајни и нуди одговори.

„Поттикната од тајните што ги содржи природата во корелација со новите научни истражувања, опусот кој би го претставила е базиран врз науката и знаењата, насловен „Натура“ – љубовта кон природата во сите нејзини манифестации, од најмалиот организам до црвениот гигант кој лебди во универзумот и хистологијата на човекот. Со „Натура“ доаѓа љубопитноста, поривот да се истражат и откријат местата каде што човекот се среќава преку природата со себе. И додека ги користиме сетилата за да изразиме делови од нас што се скриени, така може да користиме и различни елементи за да го направиме видлив оној дел од природниот невидлив свет“, вели авторката на поставката.

Тамара Забазноска е интердисциплинарен уметник и архитект. Родена е во Скопје, 1987 година. Дипломирала на Архитектонскиот Факултет во  2011 година и има два магистерски труда. Натура е трета нејзина самостојна изложба во Флукс галерија, во Скопје. Во 2017 се претстави со изложбата „Тајане“, а со „Просторна синтакса’“ во, Кула, Скопје, 2016. Гостувала на Фестивалот за современи уметности на Отвореното графичко студио при Музеј на град Скопје, во 2016, каде е добитник на Специјалната награда и на Paratissima Скопје, Интернационален саем за современа уметност ( МКЦ, 2016) каде ја доби Специјалната награда на европско ниво.  Изложувала на петгодишнината од основање на здружението Македонска архитектураи – МАРХ, , (МКЦ, 2019). Добитник е на наградата „13 Ноември“ што ја доделува ДЛУМ.

Во моментов, мал број проекти или иницијативи во Македонија се фокусираат на тоа како универзитетите ги подготвуваат студентите за општествена одговорност и за граѓанскиот статус.

повеќе

Попис на населението во 2020 треба да има, затоа што тоа утре може да биде услов за Македонија да чекори напред кон ЕУ.

повеќе

Северна Македонија, исто така, мора да се придвижи кон енергетска независност, користејќи обновливи извори на енергија кои нема да му наштетат на кревкиот екосистем во оваа прекрасна земја.

повеќе