Во Музејот на Град Скопје

Изложба на студентите на Факултетот за дизајн и технологии на мебел и ентериер

Во Музејот на Град Скопје утревечер ќе биде отворена првата изложба на студентите од Факултетот за дизајн и технологии на мебел и ентериер. Ќе бидат претставени повеќе од 200 цртежи и макети.

Поставките на изложбата се изработени како студентски проекти и макети по предметите: Стилови и декорација, Ликовно изразување со пластично обликување, Перспектива, Композиција, осветлување и бои, Проектирање-основи и реализација, Индустриски дизајн – современи движења и Резбарство.

Оваа изложба, единствена по својот концепт и дизајн, претставува одлична можност младите студенти-идни дизајнери на мебел и ентериер да и се претстават на јавноста и да ги презентираат цртежите и макетите кои ги изработиле во текот на студирањето.

Свеченото отворање на изложбата ќе биде на 28 мај со почеток во 19 часот. На отворањето, на гостите ќе им се обратат деканот на Факултетот за дизајн и технологии на мебел и ентериер Зоран Трпоски и градоначалникот на Општина Гази Баба Борис Георгиевски. Изложбата ќе трае до 2 јуни 2019 година.

Минатата недела, Сирија повторно беше на врвот на меѓународните вести. Земјата, која долги години е вклучена во борбата против екстремистичките групи, повторно се соочи со нов бран на агресија и воена акција. Во средата, на 9 октомври, турската армија, заедно со сириските антивладини бунтовници, го започна маршот кон североисточните делови на оваа земја што предизвика жестоки борби.

повеќе

Добар изборен систем треба да биде репрезентативен, но и да овозможува ефикасно владеење.

повеќе

Луѓето можете и ги задржите во сопствената земја - ако им е добро.

повеќе